сабота, 21 декември 2024

Врховниот суд ги отвора седниците за јавноста

Врховниот суд денеска на предлог на претседателката на судот, Беса Адеми, донесе измени на Деловникот за работа со кои се овозможува јавност на општите седници. Во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на судот се јавни, а јавноста во работата на општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на денешната општа седница истакнала дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.

„Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи. Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата. Со предложените измени се предвидува јавност во работата на Општата седница и остварување на јавноста во работењето на судот преку нормативна новина која ќе ја унапреди и соработката и комуникацијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија со медиумската заедница и со пошироката заинтересирана јавност“, образложила Адеми.

 

Од Врховниот суд инфромираат дека Адеми образложила предложените измени да се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, европските стандарди и меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ