сабота, 27 јули 2024

Врховниот командант на НАТО: Русија нема доволно војници за пробив до Харков

Врховниот командант на АТО кажа дека не верува дека руската војска распоредила доволно војници за стратегиско пробивање во регионот околу Харков на североистокот на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералот Кристофер Каволи, врховен командант на силите на НАТО во Европа, кажа дека е уверен дека украинските сили ќе ги одржат своите линии во регионот.

Русија минатата недела отвори нов фронт во украинскиот конфликт кога мали групи високо мобилни единици ја преминаа границата и влегоа во регионот Харков, присилувајќи ја Украина да префрли трупи од други подрачја.

„Русите немаат доволен број трупи за стратегиски пробив“, кажа Каволи на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел по состанокот на воените команданти на целиот западен воен пакт.

„Што е уште поважно, тие немаат вештина и капацитет да го направат тоа, да дејствуваат на ниво потребно за искористување на каков било пробив во стратегиска предност“, додаде тој.

„Имаат капацитет да остварат локален напредок и направија нешто од тоа. Но имаат и некои локални загуби“, додаде Каволи. Не даде никакви проценки за бројот на војници кои Русија ги распоредила во тоа подрачје.

Адмиралот Роб Бауер, претседателот на воениот одбор на НАТО, кажа дека наскоро очекува „сериозни подобрувања“ во количеството муниција кое ќе го добијат украинските сили. Според податоците, руските сили ги надминуваат украинските во сооднос 1 спрема еден, во артилериската муниција.

Каволи кажа дека украинските сојузници сега испорачуваат „големи количества“ муниција и системи за противвоздушна одбрана со краток дострел и „значителни количества“ оклопни возила.

„Во многу близок контакт сум со нашите украински колеги и уверен сум дека ќе ја држат линијата на фронтот“, оцени американскиот генерал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ