Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Времето денеска е променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура се движи од 10 до 18 степени.
Времето во Скопје е променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 16 степени.