Утринските температури се движат од 13 степени во планинските места, до 19 степени на југоистокот од земјата. Максималните температури ќе бидат во интервалот од 25 до 34 степени.
И во Скопската котлина претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.