петок, 26 јули 2024

Времето денеска топло, кон крајот на денот локални врнежи со грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Максималните температури вдолж Повардарието се очекува да искачат до 21 степен.

Фото.МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h).

Утринските температури се движат од -1 степен во повисоките места до 6 степени на југозападот од земјата.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре се очекуваат повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 km/h.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе преминат во снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ