Утринските температури ќе се движат од 6 и 7 степени во повисоките места како Маврово и Берово, па до 22 степени во скопскиот регион, 23 во повардарието, до 24 степени на југоистокот од Македонија.
Во Скопје се очекува времето да биде променливо облачно, во попладневните часови, според прогнозата, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од скопската котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе се спушти до 12 степени, а макјсималната дневна ќе достигне 22 степени.