вторник, 18 март 2025

Времен режим на сообраќај на правецот Ранковце – Крива Паланка од денеска до 14 април

Поради поставување сообраќајна сигнализација и дилатации на еластичната одбојна ограда, сообраќајот на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка од денеска до 14 април ќе се одвива со изменет режим.

Објавено на

часот

Сподели

Фирмата – изведувач „Гранит“ АД Скопје информира дека активностите ќе се реализираат согласно одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Министреството за транспорт издадено на 14 март 2025 година, а активностите на терен ќе почнат денеска.

„Ве известуваме дека на 17 март 2025 година ГД Гранит АД Скопје ќе почне со градежни активности за монтажа на дилатации на еластична одбојна ограда на вијадукти и поставување на сообраќајна сигнализација на експресен пат А2, Ранковце-Крива Паланка, делница Крива Паланка – Длабочица“, соопштија од „Гранит“.

Времениот режим ќе се одвива до 14 април 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ