сабота, 21 декември 2024

Времен режим на сообраќај на повеќе патни правци во земјава

Времена измена на сообраќајот од вчера до 31 декември 2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново. Како што соопштуваат од АМСМ по информација од компанијата СТРАБАГ, сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

Објавено на

часот

Сподели

„На автопатот Скопје – Куманово, поточно автопат А1/А2 делница од клучка ТИРЗ Бунарџик до пред патарина Миладиновци од 4:10 до 10 октомври 2024 година од 7 до 19 часот ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лента која ќе биде затворена за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, известуваат од ДПТУ Ескаватори – MK ДООЕЛ.

Синтек инженеринг ДООЕЛ известува за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 3 октомври 2024 година до 1 декември 2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ