сабота, 27 јули 2024

Време е за нов телевизор со вештачка интелигенција!

Љубителите на модерните технологии секогаш стремат кон совршенство во секој сегмент од животот, а кога станува збор за домашните уреди за забава, Самсунг неретко ги поставува стандардите за извонредност и постојано ги подигнува границите повисоко, кон последниот крик на иновациите. Па така, претставувајќи ја својата најнова линија на телевизори и звучници за 2024 година, Samsung не донесува само технолошки напредок, туку вистинска револуција во доживувањето на содржините на екранот од удобноста на вашиот дом.Најновите Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори ви овозможуваат едно сосема ново искуство при гледањето содржини, какво што не сте доживеале никогаш досега.

Објавено на

часот

Сподели

Чувство како да сте во центарот на случувањата!

Новата линија на телевизори нуди неспоредлива јасност и длабочина на сликата, благодарение на најнапредните  вградени технологии за вештачка интелигенција кои го подобруваат квалитетот на приказот и звукот и им на гледачите чувство дека се дел од самиот настан. Технологијата AI Motion Enhancer Pro ги прави сцените со брзо движење поглатки и појасни, додека пак Real Depth Enhancer Pro додава неверојатна длабочина на секоја слика. Моделот Neo QLED 8K QN900D со процесорот NQ8 AI Gen3 дополнително ги поместува границите на квалитетот на сликата благодарение на напредните алгоритми со вештачка интелигенција кои го подобруваат секој пиксел во реално време, додека со 8K AI Upscaling Pro, омилените серии и филмови се трансформираат за да се доближат до 8K екран, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во супериорно ниво на детали и јасност на сликата.

Со моделот Neo QLED 8K QN800D добивате исто така извонреден телевизор напојуван од ВИ, чиј оптимизиран NQ8 AI Gen2 процесор ги оптимизира звукот, сликата обезбедувајќи искуство во 8К резолуција, без разлика дали станува збор за пренесување на ОТТ услуги, гледање спорт или гејмање. Технологијата Quantum Matrix Technology Pro открива незамисливи детали изразени од најтемните црни до најсветлите бели тонови со 1,5 пати повеќе зони на осветлување од нормалнатата  Quantum Matrix.

За вистинските љубители на кино искуството во домот наменет е огромниот Neo QLED 4K QN90D со величина од фантастични 98 инчи за да воодушевувањето биде уште поголемо. Специјалната функција SuperSize Picture Enhancer со помош на ВИ дополнително ја подобрува сликата и ја приспособува за супер-големите екрани.

Но, тука се и феноменалниот нов OLED телевизор S95D OLED TV 4K, кај кој неверојатната OLED Glare Free функција штити од отсјај и не дозволува надворешните извори на светлина да го одвлечат вниманието или да го нарушат приказот особено на црната боја. А што се однесува до другите бои, благодарение на ексертското калибрирње, добивате репродукија на бои веродостојна н оригиналната содржина до секоја најмала нијанса. За познатата платформа за технолошки иновации “Sound & Vision” овој телевизор е во категоријата на Top Picks, а дел од рецензијата звучи вака: „Оваа година Самсунг го подобри мапирањето на боите, користејќи ја технологијата на вештачка интелигенција за да анализира и да прикаже повеќе природни бои, особено во суптилностите на тонот на кожата“.

Не само S95D OLED TV 4K, туку и другиот модел S90D OLED TV 4K  ја поседуваат функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи која секоја содржина ќе ја трансформира во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone. Исто така, да не ги заборавиме гејмерите, на кои можноста да ја прилагодат длаочината на сцените и исклучителната стапка на освежување од 144 Hz ќе им овозможи да можат да стекнат мала предност пред ривалите, додека истовремено уживаат во игрите како што доликува за 2024 година.

Но, за да приказната биде целосна и гледањето на омилените содржини до крајни граници возбудливо, неизоставен дел се и аудио перформансите. Без разлика дали гледате интересен филм, ја бинџате новата серија или пак гејмате, новиот Soundbar звучник HW-Q990D, кој дозволува безжичен Dolby Atmos со Samsung телевизорите, ќе овозможи секој засебен ритам и пулс да се движи околу вас создавајќи единствено врвно искуство со 3D звук од секој агол. Expert Reviews овој звучник го имануваа како Best Buy и напишаа: „Неверојатно имерсивен и фантастичен за гејмерите!“

Но, не е тоа се – замислете дека гледате концерт – тука е и технологијата Q-Symphony која им овозможува на звучниците на телевизорот и soundbar звучникот заедно да репродуцираат врвна синергија на звук, оптимизирано аудио од вештачка интелигенција кое се движи низ сите канали. А како круна на се, уредот soundbar ја анализира просторијата и го приспособува звукот според просторот, комбинирајќи подобрена јаснос и реалистичност со оптимизиран бас. И сето ова благодарение на технологијата SpaseFit Sound Pro.

Зошто Samsung телевизор?

Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шесто кратен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успшно ја гради приказна за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.

Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ