сабота, 27 јули 2024
Демир Далип

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Време е за институционална интеграција на Египќаните

За Египќаните во Македонија како да не важи Охридскиот рамковен договор. И балансерот не ни овозможува соодветна и правична застапеност.
Ноторен факт е дека припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија се убедливо најмаргинализираната, најнеинтегрираната автохтона и автентична етничка заедница. Тој недемократски феномен, резултира со напуштање на нашата единствена татковина Македонија во еден правец. Многу млади, работоспособни, едуцирани и образовани Египќани и Египќанки секојдневно заминуваат во Западна Европа за подобра иднина, наместо да се реализираат во својата татковина Македонија.
Неколку пати сме истакнале дека за Египќаните во Македонија како да не важи Охридскиот рамковен договор. И балансерот не ни овозможува соодветна и правична застапеност. Тоа е многу депримирачки и демотивирачки за припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија.
Состојбата и положбата на Египќаните почна етапно да се подобрува откако градоначалник на Охрид стана Кирил Пецаков, со кого имаме одлична соработка, и кој во суштина ги разбира проблемите со кои се соочуваат Египќаните.
Во годината што помина имавме одлична соработка и поддршка и од страна на лидерот и според нашите очекувања и иден премиер на Македонија, Христијан Мицкоски. Нашата соработка со ВМРО-ДПМНЕ датира уште од 1997 година, и до ден денес Египќаните имале огромна поддршка и помош од страна на овој политички субјект.
Како невладина граѓанка иницијатива Коалиција на Египќани во 2016 година потпиша Меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ. И не сме смениле правец.
Во месеците пред нас, очекуваме да се потпише меморандум за соработка и со сегашниот претседател на партијата Мицкоски, со кого делиме исти вредности.
На наредните претседателски и парламентарни избори очекуваме убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и почнување на етапната, но сигирна институционална интеграција на Египќаните, како мирољубив и лојален етникум, бидејки тоа и го заслужуваме.
Демир Далип,
претседател на НГИ Коалиција на Египќаните

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ