недела, 19 мај 2024

Вреди во Берлин: ДУИ ќе падне како Југославија, жалиме што Курти не може да дојде

Лидери од коалицијата Вреди и претседателскиот кандидат Арбен Таравари се наоѓаат во Берлин во рамки на кампањата пред дијаспората. Изет Меџити таму порача: Ја совладавме Југославија, ќе го совладаме и ДУИ.

Фото: Фејсбук на Меџити

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествувал на собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата Вреди.

„Убавата вест ќе биде на 8 мај со нашата победа. Дијаспората многу добро знае да ги казнува оние кои го мразат Косово и премиерот Аљбин Курти. Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од оваа дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која му се спротиставува на Косово и кокетира со српскиот претседател Александар Вучиќ”, рече Меџити.

Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување, како четврти столб на Вреди.

Лидерот на Беса, Биљал Касами изрази жалење што на собирот не бил во можност да дојде и Курти поради, како што рече Касами, „ѕвечкањето со оружје од страна на Србија блиску до границата со Косово“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ