недела, 19 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Вреди слави победа во Тетово, се слави и во Чаир

Здружената албанска коалиција Вреди вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово, a пред штабот се насобрани симпатизери на партиите од коалицијата. Присутни се дел од лидерите на Вреди. Според Вреди, во „бастионот на Биљал Касами“, коалицијата има значителна предност наспроти резултатот на коалицијата на ДУИ од изборите. Касами во обраќање пред присутните рече дека е остварена победа што носи легитимитет.

Објавено на

часот

Сподели

Вреди на својата фејсбук-страница соопшти дека се освоени над 2.000 гласа повеќе од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Вреди соопштува и за значителна предност во Кондово и во Сарај, како и во Арачиново, Чаир, Желино.

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека Вреди е апсолутен победник во албанскиот политички кампус, дека е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците и дека веќе од утре следува „политичка ротација во земјава“.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Арбер Адеми вечерва на втората прес-конференција во Мала Речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ