петок, 26 јули 2024

Вреди: Пропаганда е тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени

Победата веќе се гледа и ние точно знаеме што правиме и што треба да направиме до 8 мај, изјави денеска Африм Гаши, лидер на Алтернатива, дел од коалицијата Вреди. Тој откри дека е договoрено Вреди да раководи битни позиции во МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Гаши рече дека 8 мај ќе се претвори во референдум, кој на коалицијата ќе ѝ донесе плебисцитарна победа кај Албанците.

„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори. Oва нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција“, изјави Гаши.

„Ве повикувам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција Вреди е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро“, рече Гаши.

Освен ова, рече Гаши, Вреди се доследни на ставот дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во Собранието, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство.

„Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени сме дека сето тоа вреди да се направи“, кажа Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ