понеделник, 21 октомври 2024

Вреди прашува дали ДУИ користи навивачки групи за создавање етнички тензии

Продолжува деструктивното однесување на ДУИ преку вчерашните обиди на Артан Груби да предизвикаат етнички тензии со злоупотреба на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и претседателот Мухамед Сејдини, обвинија денеска од коалицијата Груби.

 

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Целта на криминализираното раководство на ДУИ, велат од Вреди, е да се обиде да се спаси од кривична одговорност за масовна политичка корупција и да го зачува имотот стекнат со грабеж на албанскиот народ.

„Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу фудбалските клубови Брера и Шкендија, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на српскиот претседател Александар Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти?  На што сѐ е подготвен Артан “Беливук” (Беливук е познат српски криминалец н.з.)?“, прашуваат од Вреди.

Од коалицијата апелираат до Албанците во земјава да не наседнуваат на провокации.

„ДУИ не ги штити симболите на албанскиот национален идентитет туку го погани светото албанско знаме со стравот од одговорност за корупциските афери како Соравија, коцкарските бизниси и апашките тендери. Наша должност е да ја предупредиме јавноста и да ја гарантираме безбедноста на граѓаните. Политиката мора да биде надвор од спортот. Навивачките групи на албанските спортски клубови се важен сегмент од спортскиот дух на општеството. Затоа, ги повикуваме во наредниот период да бидат особено внимателни да не бидат вовлечени во сценаријата на (Не)демократската унија за (дез)интеграција“, велат од Вреди.

Фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови Брера и Шкендија што се одигра вчера во Струмица помина без инциденти сѐ додека навивачите на тетовскиот клуб Балисти не го развиориле албанското знаме по што полицијата ги отстранила од трибините.

Од тетовскиот клуб соопштија дека отстранувањето на навивачите од трибините не било на барање на официјалниот делегат на натпреварот, туку ваквата одлука ја донела самата полиција. Од МВР пак информираа дека одлуката за отстранување на навивачите од трибините ја донел делегатот на натпреварот, пренесе ТВ 21.

Натпреварот помеѓу струмичка Брера и тетовска Шкендија зарши со резултат 0:2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ