сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Вреди поднесе тужба до Управниот суд за гласањето во Долна Бањица

Коалицијата Вреди поднесе една тужба  до Управниот суд против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) која се однесува на одлуката на Комисијата за гласањето во Долна Бањица, гостиварско. И ДУИ најави дека денеска ќе поднесе тужба против одлуката на ДИК  за сите седум места каде што е поништено гласањето.

Објавено на

часот

Сподели

Од Управниот суд информираа дека синоќа во 22:33 часот, по поднесена тужба од Коалицијата Вреди на Парламентарните избори 2024 против Одлука на Државна Изборна Комисија од 14 мај 2024 година, оформен е предмет.

„По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик. Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ“, информираа од Управниот суд.

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево.

Членовите на ДИК за еден од приговорите одлуката ја донесоа едногласно, додека за сите останати имаше шест гласа за, а еден против.

Во однос на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше претседателски кандидат на ДУИ и портпарол на партијата, од ДИК посочуваат дека не сакаат да коментираат политички изјави, но велат дека таа е неоснована.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ