„Приватниот сектор е моторот што ја движи економијата и овозможува зголемување на животниот стандард. Нашата цел е да создадеме подобра деловна средина и да ги унапредиме јавните услуги“, велат од Вреди.
Од платформата нагласуваат дека нивните приоритети се усогласени со реформската агенда 2024-2027, која има за цел да го поттикне економскиот напредок. „Важно е да се спроведат реформите што ќе донесат конкретни промени. Еден од нашите клучни фокуси е дигитализацијата – до декември 2025 година, 100 административни процедури ќе бидат достапни онлајн“, истакнуваат од Вреди.
Во рамки на Планот за раст на ЕУ, предвидени се 750 милиони евра, кои ќе бидат распределени според напредокот во клучните реформи.
„Овие инвестиции ќе овозможат подобри услови не само за бизнисот, туку и за работниците. Важно е реформите да се спроведуваат со одговорност и посветеност за да имаме вистински економски напредок“, додаваат од Вреди.
Платформата нагласува дека останува посветена на создавање подобри можности за сите граѓани и унапредување на економските и општествените стандарди.