сабота, 11 јануари 2025

Вреди: Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети, пишува меѓу другото во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Според коалицијата, вчерашното гласање за интерпелацијата против министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група.

„Само три пратеници успеаја да гласаа за интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад. Пораките од ДУИ не стигнуваат до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Со ова гласање, потпретседателот на Владата, Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото“, велат од Вреди.

Вреди апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, „со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство“.

„Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“, велат од Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ