сабота, 27 јули 2024

Вреди: Ние сме гласот на Албанците, комунистичката политика на ДУИ и фронтот е минато

Коалицијата Вреди на ДУИ и „мултиетничкиот фронт“ му порачува дека нивните комунистички политики се минато и дека и ДИК и Управниот суд потврдија дека имало обиди за манипулации и застрашување на гласачите Албанци од нивна страна. Но и покрај тоа, на прегласувањето во Ларци се потврди со уште поголема разлика во гласови дека Вреди се гласот на Албанците, велат од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Институциите како ДИК и Управниот суд утврдија дека на 8 мај ДУИ и Мултиетничкиот фронт се обидоа повторно да ја искриват волјата на граѓаните со закани и насилство.
Затоа беше одлучено на 22 мај да се гласа во селото Ларце. Но, машинеријата на мултиетничкиот фронт повторно се обиде да врши притисок и закани врз жителите и членовите на комисиите, носејќи на гласачкото место како набљудувачи министри и полицајци од ДУИ со цел заплашување на жителите да излезат на гласање“, наведува Вреди.

Коалицијата истакнува дека таквата слика повеќе наликуваше на воена состојба отколку на нормален ден за прегласување.

„Но, криминалните дејствија на ДУИ, синоќа ги отфрли самиот Упрравен суд кој немаше ниту една минимална забелешка за целиот процес на прегласување. Ларце ги демаскираше антидемократските и антиевропските политики на ДУИ и нејзините партнери кои 20 години по ред крадеа мандати користејќи ја власта за да крадат гласови и да ги заплашуваат Албанците во нивните домови.

Албанците сакаат промена без разлика на притисоците, тоа го докажа промената на резултатот по две недели. Кога ДУИ не успеа да ги заплаши или купи гласовите на жителите на Ларце, тие ја казнија со резултат десет пати поголем (494 наспроти 48).
Комунистичките политики завршија. Почнатата промена ќе донесе правда и иднина за секој граѓанин на државата. И оваа ситуација не им одговара само на оние кои работеле против правдата, и биле тонети во криминал и корупција“, наведува Вреди во своето сооштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ