сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Вреди: Ние ќе формираме влада, фикциите на ДУИ не поминуваат

Во врска со изјавата на Бујар Османи во име на Европскиот фронт предводен од  ДУИ кој рече дека нема влада без двојно мнозинство и Бадентер кое ќе го обезбеди ДУИ, коалицијата Вреди наведува дека веќе не поминуваат фикциите на ДУИ заглавени во корупција и дека Вреди ќе формира влада.

Објавено на

часот

Сподели

Кога ќе дојде време за одговорност за корупциските скандали, ДУИ се обидува да го искористи како штит целиот албански народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници.

„Овие фикции до сега се доволно видени и веќе не поминуваат. По 8 мај ќе има влада со Вреди како единствен политички претставник на Албанците, ќе има и мнозинство по Бадентер, со што ќе се обезбеди основата на Охридскиот договор и ќе има одговорност за сите оние кои го прекршиле законот.

Заминувањето на ДУИ во опозиција не може и не треба да претставува проблем за опстанокот на државата. Ова е целосно неодговорно и кукавичко.

Затоа повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам, туку само правични одговорности и права во судските постапки“, се вели во реакцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ