Вреди: Костадинов е маргинален проруски политичар во Бугарија
Коалицијата Вреди денеска преку соопштение информираше дека изразува загриженост и ги осудува изјавите на лидерот на ултрадесничарската партија Преродба, Костадин Костадинов, кој го нарекува „некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“. Од Вреди уште потенцираат дека ги осудуваат провокациите „кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Македонија кон Европската Унија (ЕУ)“.
Објавено на
часот