сабота, 27 јули 2024
Претседателски избори 2024

Вреди ќе поднесе тужба пред Управен суд за изборни нерегуларности

Коалицијата Вреди денеска на прес-конференција информираше дека ќе поведат постапка пред Управниот суд за, како што тврдат оттаму, изборни нерегуларности во изборната единица (ИЕ) 2 кои се случиле на 24 април. Ваквата одлука на Вреди доаѓа отако Државаната изборна комисија (ДИК) вчера го отфрли приговорот на оваа коалиција за гласањето на првиот круг од претседателските избори за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.

Објавено на

часот

Сподели

Според Ријад Шаќири, кандидат за пратеник од ИЕ2, нерегуларноста е напрвена на едно избирачко место во Липково.

„На денот на изборите имавме ситуација при која имаше обид да се случи фамозниот ‘бугарски воз’ во Општина Липково. Конкретно на избирачкото место 1112/1 каде што гласа екс-министерот Садула Дураку. Таму неговиот шофер, украл две гласачки ливчиња и нашиот набљудувч реагирал и истиот момент било прекинато гласањето. Имаше интервенција од страна на Општинската изборна комисија. Целата ситуација е документирана и наведена во избирачките материјали. ДИК не го зема предвид целиот тој настан и сѐ продолжува со истото темпо од страна на ДУИ. ДУИ пробува по секоја цена да ги манипулира изборите. Органите на прогон не се на место каде што треба да бидат. Во случајов полицијата не реагира, имаат поставено полицајци коишто на самите избирачки места агитираат за ДУИ. Тоа е нешто, што не можеме ние да го дозволиме, сепак сме земја која претендира да биде членка на Европска унија. Имаме постојани најави од наши членови дека им се закануваат, има обиди да им се закануваат на нивните работни места, а тоа е феномен што треба еднаш засекогаш да го запреме. Сè додека полицијата и Обвинителството не преземат конкретни чекори во оваа ситуација истото и ќе се повтори“, изјави Ријад Шаќири, кандидат за пратеник ИЕ2.

Абидин Абдули, правен застапник на коалицијата Вреди, информираше дека вчера на одржаната седница на ДИК се постапувало по нивната жалба, за изборно место во општина Липково.

„По наше барање и по барање на членот на ДИК од страна на опозицијата беше отворена гласачката кутија при што се утврди дека во неа недостасуваат две ливчиња за гласање. Во записникот којшто ние го имаме примено, пишува дека од сите избирачи кои гласале тој ден има две неважечки ливчиња. При отворање на гласачката кутија се утврди дека нема такви, нема неважечки ливчиња. Иако сите членови на ДИК увидоа дека таму имало нерегуларности, јас пред неколку минути по електронски пат добив одлука на ДИК со што нашата жалба е во тек. Нормално, согласно законот во рок од 24 часа истата ќе ја обжалиме пред Управниот суд“, изјави Абидин Абдули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ