Во интервјуто за РТК Таравари рече дека министрите од Вреди, како и останатите владини и други државни функционери ќе бидат соодветни за функциите и дека тоа ќе бидат експерти за својата област. Тој и нагласи дека Вреди ќе ги именува тие лица.
Таравари рече дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада се очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.
„Во меѓувреме, кон крајот на следната недела ќе ги имаме и кадровските решенија и владината програма. По конституирањето на Собранието, претседателот на државата ќе го довери мандатот. Во првата половина на јуни сигурно ќе ја имаме новата Влада“, изјави Таравари.
Коалициските партнери, според Таравари, се согласиле дека приоритет на новата Влада е патот кон Европската Унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.