сабота, 27 јули 2024

Вреди ќе го има првиот вицепремиер, 6 министерства и 7 заменици министри

Висар Ганиу, еден од преговарачкиот тим на коалицијата Вреди, денеска изјави дека се задоволни од досегашниот тек на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, дека преговорите за формирање влада е договорен во добра работна атмосфера.

Објавено на

часот

Сподели

Деталите за кадровските поделби преговарачкиот тим ќе ги соопшти на заедничка конференција за медиумите, најави Ганиу.

Според него, коалицијата Вреди ќе има шест министри – министер за европски прашања (СЕП станува министерство), за екологија (кој ќе биде и прв вицепремиер), за здравство, економија и труд, социјална политика, демографија и млади. Вреди ќе предложи и 7 заменици – министри  во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за образование, за транспорт, етнички заедници, земјоделство и за надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи Вреди и околу 400 директори и раководители на институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ