сабота, 27 јули 2024

Вреди ја повлече тужбата до Управниот суд

Коалицијата Вреди за време на седницата на Управниот суд реши да ја повлече тужбата за парламентарните избори 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во 17,30 часот Управниот суд ја почна јавната расправа по предметот оформен по поднесената тужба од коалицијата Вреди за Парламентарните избори 2024 година. Тужбата се однесува на одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето во долна Бањица, гостиварско.

Управниот суд соопшти дека бил оформен предмет (УРП.бр.86/2024) по поднесената тужба од коалицијата Вреди против решението бр.УП1 бр.10-14 од 14 мај на Државната изборна комисија. По повлекувањето Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува.

 

Претставникот на тужителот коалицијата Вреди Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост. Според наводите на тужителот, набљудувачот од коалицијата Вреди на ИМ 0511 во Општина Гостивар недостига оригинален записник од ова избирачко место и дека имало три потписи помалку од гласачки ливчиња во кутијата по што ДИК на јавна седница нецелосно и неточно ја утврдил фактичката состојбата и приговорот го одбил. ДИК во одговор на тужбата вели дека на јавна седница детално ја утврдил фактичката состојба и дека бројот на идентификувани гласачи е идентичен со бројот на гласови и предлага да се отфрли.

 

Непосредно пред седницата на Управниот суд конференција за медиумите одржа техничкиот премиер Џафери кој обвини за изборен инженеринг, а тој е одговорен за успешност на изборниот процес.

„Како премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори имам добиено извештај од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вонинституционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во ДИК во врска со симптоматичните приговори поднесени од страна на учесниците на изборите“, рече Џафери.

ДИК утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум, односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ