четврток, 9 јануари 2025

Вреди: Груби имал просек 7, како стана доцент на универзитет?

Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обидува да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност, прашува владејачката коалиција Вреди, по информацијата дека бегалецот Артан Груби ќе добие отказ од местото професор на Тетовскиот универзитет.

Објавено на

часот

Сподели

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот“, се вели во соопштението на Вреди.

Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, затоа е соодветна одлуката на Универзитетот да му врачи отказ на Груби, се додава во соопштението.

„Коалицијата Вреди претходно ѝ соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред студентите. Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност на етичките принципи и со почитувањето на општествените норми, кои Груби се чини дека ги поткопувал во текот на неговата кариера.

Оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ ја негуваше низ годините.

Вклучувањето на луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард од оваа партија. Наместо да промовира меритократија и одговорност, ДУИ нон грата им дозволи на личностите вклучени во контроверзи и во сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ја не само довербата на граѓаните, туку и самите основи на демократското општество“, порача Вреди.

Груби денеска добил отказ од работното место доцент на Правниот факултет, отсек новинарство на Тетовскиот универзитет, каде работел од 2012 година. Поради вршење јавна функција, местото му било во мирување до август 2024 година кога се вратил на работа.

Од 9 декември 2024 година Груби е на црната листа на САД. Американскиот Стејт департмент тогаш соопшти дека тој, заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито. За него е почната и кривична постапка во предметот Државна лотарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ