четврток, 19 септември 2024

Вреди ги повика надлежните да го „проверат“ пратеникот Елми Азири

Фирмата Ритрон копи од Куманово, чиј сопственик е внук на пратеникот на таканаречениот Европски фронт Елми Азири, во период од само една година, од државни институции наплатила вкупен износ од 7 милиони денари, па сега стана јасно зошто пратеникот Азири беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети, изјави на денешната прес-конференција Бујаре Абази од Коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Абази ги повика Антикорупциската комисија, Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство да проверат дали пратеникот Елми Азири во анкетниот лист пријавил дека фирмата на внукот на неговата сопруга е потенцијална околност за конфликт на интереси.

„Дали пратеникот Елми Азири во периодот од јуни 2021 до октомври 2022 или потоа го зголемил својот или имотот на неговата сопруга? Да истражат дали тендерите кои ги добила фирмата Ритон копи од Куманово се последица на политичко влијание остварено од пратеникот Елми Азири? Очекуваме институциите да делуваат во разумен рок и им се ставаме на целосно располагање за дополнителни информации кои сметаат дека ќе им помогнат во ефикасно расчистување на ова досие“, нагласи Абази.

Таа најави дека ќе продолжат понатаму со објавување на, како што рече, основани сомневања за политичка корупција во режија на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ