среда, 1 јануари 2025

Вреди: ДУИ се урива како кула од карти

ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал, денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Oсомничените за криминал во Државната лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами, се во бегство, додека на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се гони за девет различни случаи, му е одземен пасошот.

ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ. Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како кралот на Струга, денес се соочува со своите злодела. Мерко веќе ‘подготвува ќелии’ за своите соработници. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат“, се додава во соопштението.

Падот на функционерите на ДУИ почна со бегството на Артан Груби, продолжи со Перпарим Бајрами, а сега доаѓа редот на други високи функционери.

Најдобар подарок за Нова година? Да се стави огромен катанец на вратата од седиштето на партијата која ја воведе корупцијата во системот. Нивниот крај е неминовен, а нивните обиди за бегство само потврдуваат дека правдата ги стигнува сите“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ