сабота, 27 јули 2024

Вреди: ДУИ на иста линија со антизападната Левица

Изразуваме жалење што ДУИ денес потврди дека за нив интересите на албанскиот народ „важат” само кога тие се власт. Африм Гаши е првиот Албанец избран за претседател на Собранието со 76 пратеници, значително мнозинство кое беше логично да биде поддржано од сите пратеници Албанци, без разлика дали се позиција или опозиција, се вели во соопштението на коалицијата Вреди по изборот на Гаши за спикер.

Објавено на

часот

Сподели

„Бегството на пратениците на ДУИ од собраниската сала е нова епизода од неподржувањето на Арбен Таравари за единствен претседателски кандидат на Албанците и бојкотот на вториот круг на претседателските избори. Погрешни одлуки на ДУИ спротивни на интересите на ЕУ и САД. Со ваквото поведение ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левица.
Европскиот фронт на ДУИ се разобличи на првиот опозициски тест. ДУИ има обврска да ја прифати реалноста и да се однесува како одговорна опозиција. Заради серијата очајни политички одлуки сега имаат уште поголема тежина во многу блиска иднина да докажат дека нема како опозиција да ги ризикуваат ЕУ перспективите заради лични и теснопартиски интереси“, се вели во реакцијата на Вреди.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ