„ДУИ и Европскиот фронт покажуваат дека ги ставаат личните и партиските интереси пред стратешките интереси на Албанците и на државата. Настапите со кои се изразува сомнеж во меѓународната заедница ја загрозуваат довербата во нашите западни партнери, кои се клучни за иднината на Северна Македонија,“ велат од Вреди.
Вреди предупредува дека ваквата реторика е штетна и се коси со долгогодишните заложби за европска интеграција. „Албанците заслужуваат лидери кои искрено ќе ги застапуваат нивните интереси, а не раководство кое ги конфронтира со западните партнери,“ додаваат од Вреди.
Обвинувањето на меѓународната заедница за сопствените корупциски афери го опишуваат како неосновано и манипулативно.
„ДУИ упорно го вперува прстот кон амбасадорите и странските институции, наместо да се соочи со сопствените корупциски скандали,“ истакнуваат од коалицијата.
Според Вреди, тврдeњата дека „Артан настрадал затоа што ги слушал“ е уште еден обид за избегнување на одговорноста.
„Оваа теза е врв на манипулацијата и самобендисаноста на ДУИ. Наместо да се занимаваат со суштинските проблеми, раководството се обидува да најде алиби за своите неуспеси.“
Вреди ги повикува членовите на ДУИ и пошироката јавност да размислат дали актуелното раководство има капацитет да ги води партијата и државата напред.