сабота, 27 јули 2024
Претседателски избори 2024

Вреди деновиве ќе одлучува дали ќе ја поддржи Сиљановска-Давкова во вториот круг

Деновиве ќе одлучиме дали ќе ја поддржиме во вториот круг од претседателските избори кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова, велат од коалицијата на опозициските партии на Албанците во Македонија Вреди. Одлуката за ова, изјави вчера Изет Меџити, претседателот на Демократското движење, една од партиите на коалицијата Вреди, ќе ја донесеме сите претседатели на партиите од коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Меџити вели дека до нив досега не стигнало барање од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивниот кандидат, Гордана Силјановска-Давкова.

Во вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат заедно со парламентарните на 8 мај, влегоа Гордана Сиљановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, и актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат на функцијата Стево Пендаровски, кој ја има поддршката на СДСМ.

По првиот круг од претседателските избори веќе е најавена можната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во формирањето на нова владина коалиција по завршување на парламентарните избори.

 

За избор на претседател во вториот круг потребен е цензус, што значи дека треба да излезат и да гласаат најмалку 40 отсто од граѓаните запишани во единствениот избирачки список.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ