сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Вреди: „Бугарскиот воз“ на ДУИ „возел“ во 4 од 7 избирачки кутии

Портпаролот на Беса Фатмир Сабриу, во име на коалицијата Вреди денеска а прес-конференција истакна дека во Државната изборна комисија се потврди дека ДУИ правеле изборни измами нагласувајќи дека во седум од четири кутии во ИЕ6 се констатирани неправилности и се прифатени приговорите на Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на коалицијата Вреди поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за седум избирачки места, при што во четири од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во избирачко место 0387 Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт“, истакна Сабриу.

Според Сабриу, Европски фронт ја искривил волјата на граѓаните.

„Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владеењето, незаконски ја нарушил и искривил волјата на граѓанинот, спроведувајќи го ‘бугарскиот воз’, како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Липково и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отворање на кутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат“, истакна Сабриу.

Тој на крајот рече дека Албанците на 8 мај ја добиле слободата и денес дишат слободно.

„ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција. Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат, ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата“, посочи Фатмир Сабриу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ