Од Вреди се согласни дека и го поддржуваат барањето на обвинителството во барањето за построги казни „за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија“. Сепак, велат оттаму незибежни се прашањата што произлегуваат од случајот.
„Дали ова е уште еден случај во кој мувлосаниот кадар на ДУИ го спречува заслуженото казнување на виновниците и откривањето на вистината? Каква улога одигра Валдет Џафери, поранешен директор на Бирото за судски вештачења, во намерното одложување на експертизата на случајот Ласкарци? Исто така, треба да се дознае дали сопствениците на Дурмо Турс се блиски со ДУИ, како што често се зборува во јавноста, и дали се соработници на Талат Џафери. Зошто сите институции вклучени во овој случај не успеале да донесат праведна и навремена пресуда? Кои се тие што се кријат зад овие постапки и се обидуваат да ги заштитат своите тесни политички интереси, попречувајќи ја правдата за жртвите и нивните семејства?“, велат од Вреди.
Од коалицијата Вреди бараат целосна транспарентност и конкретни дејствија од сите институции „за да се обезбеди правда за жртвите и за сите граѓани“.