петок, 26 јули 2024

Вреди: Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје

„Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија. Таа нова историја ќе ја пишува Вреди како победници во чисто албанскиот политички кампус“, велат од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши. Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција. Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил да избере само 4 министерства кои би му ги дал на целиот Европски фронт без собраниски спикер, за да влезат во неговата Влада наместо Вреди? Да видиме кои се тие кои без срам и перде коленичат да влезат во Влада токму со оние кои во кампањата ги обвинија дека работат за Путин и Русија? Искрено сметаме дека Али Ахмети треба да престане да си го руши и тоа малку што остана од митот за неговиот лик и дело од 2001, после аферите со “Соравија” и казино бизнисите. Недозволиво е еден човек кој пред 25 години се борел за правата на Албанците, сега да предизвикува омраза меѓу Албанците само за да обезбеди амнестија за своите корумпирани функционери. Срамно е, понижувачки е! Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформираат, нека се прилагодат на модерното време на 21 век и бујрум нека чекаат шанса на следните избори. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ“, велат од Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ