Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности.
Мартин Џепароски е роден на 26 октомври 1991 година во Скопје. Во 2010 година, завршил средно училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, отсек вајарство. Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година во класата на професор Ибрахим Беди.
Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје и Порта Македонија – Скопје.