сабота, 2 март 2024
Со одлука на Владата

Вработените во здравствените устанува ќе земаат поголеми плати за 2.000, 2.500 и 3.000 денари

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за здравство ќе го потпише анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството. Според образложението од Министерството за здравство, покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари или 2.000 денари се однесуваат на сите вработени во јавните здравствени установи“, соопшти попладнево владината прес-служба.

Владата ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со коишто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ