вторник, 22 октомври 2024

Вработените во УЈП ќе добијат поголеми плати, падна договор помеѓу синдикатот и раководството

Објавено на

часот

Сподели

Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев. Детали засега нема, но она што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти. 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска на ТВ21 кажа дека договорот е постигнат во петокот и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите.

„Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“, рече Лукаревска. 

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара иземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.

Вработените од Управата за јавни приходи од 15 јуни штрајкуваа по два часа во денот. Бараа зголемување на платите за 30 отсто, а доколку не биде исполнето нивното барање најавуваа генерален штрајк.

Штрајкот не се реализираше затоа што беше назначен нов помирувач во процесот што на крај резултираше со постигнат договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ