„Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии и покрај тоа што преговорите што ги имавме во изминатиот период никако да ни ги одобрат нашите барања што ни следуваат согласно закон“, вели Велковски.
Посочува дека трошоците за живот континуирано растат, а платите на вработените во УЈП се исти со години. Доколку нема зголемување на платите на вработените во УЈП, синдикатот и вработените се подготвени и за порадикални чекори, односно ќе продолжат со протести и генерален штрајк.