сабота, 26 октомври 2024

Вработените во УЈП до крајот на месецот ќе протестираат, после одат на генерален штрајк

Објавено на

часот

Сподели

Од Синдикатот велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајк што беше донесена вчера, ако не бидат исполнети нивните барања  и штрајкот би се одржал за околу 15 дена.

Членовите на Синдикатот  при УЈП од  вчера започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски. 

„Оваа состојба би траела сѐ до стапувањето во генерален штрајк“, велат од синдикатот на УЈП.

Нивните барања, кои ги искажаа на предупредувачкиот протест кој се одржа во вторникот пред Министерството за финансии, се потпишување на колективниот договор, во кој , како што велат, се утврдени неопходните права потребни за функционирање на управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети, со кој е предвидено нивно зголемување за 30 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ