сабота, 27 јули 2024

Вработените во скопска Комунална хигиена ќе добијат К15, им ветила директорката Николиќ Мазнева

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, утрово околу 1:30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР за МИА потврдиле дека е известен јавен обвинител.

Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот се појавила директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побарала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.

Директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.

Вработените во „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева вчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи  политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. 

Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да нјадат соодветно решение за собирање на сметот. 

Голем број граѓани се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ