сабота, 27 јули 2024

Вработените во петте јавни универзитети бараат нови колективни договори, в понеделник мирен протест

Синдикатите на пет јавни универзитети изразија согласност и единство да одржат мирен протест, в понеделник во 13,00 часот, на сите вработени, пред влезовите на овие универзитети.

Објавено на

часот

Сподели

Синдикатите се обединети околу ставот дека се игнорирани и дискриминирани од Собранието и Владата на Македонија со непотпишување на колективниот договор со петте јавни универзитети.

Тие го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но, на надлежните им порачуваат дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминацијата и нееднаквост, бидејќи останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата.

Здружените и обединети синдикати со овој протест порачуваат дека настапуваат поврзано и обединето, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата.

Потписници на ова соопштение се синдикатите на универзитетите „Гоце Делчев”-Штип, Универзитетот во Тетово, „Св. Климент Охридски”-Битола, „Мајка Тереза”-Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле”-Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ