сабота, 21 декември 2024

Вработените во „Охридско лето“ бараат итна исплата на августовската плата

Според соопштението од Синдикатот на културата, вработените во „Охридско лето“ сѐ уште не ја примиле платата за август, иако овластеното лице на установата навреме и уредно доставило барање за одобрување средства за плати за односниот месец.

Објавено на

часот

Сподели

Платите не се исплатени поради забелешки од Министерството за култура и туризам за наводни неправилности во доставеното барање за платите, за кои Синдикатот смета дека се паушални и непоткрепени со што се прави огромна штета на вработените во Нацоналната установа (НУ) „Охридско лето“.

„Посочената одредба јасно упатува на заклучок дека раководното лице на установата ‘Охридско лето’ е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон и Министерството за култура и туризам и Министерството за финансии имаат обврска да го одобрат доставеното барање. Доколку Министерството за култура и туризам и Министерството за финансии сметаат дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати за месец август 2024 година е незаконито или содржи невистинити податоци, истите имаат можност да отпочнат постапка за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, против раководното лице на установата“, се наведува во соопштението од Синдикатот на културата.

Истовремено се повикува министерот за култура и туризам Зоран Љутков да застане против тендециозните влијанија на одредени вработени од Министерството за култура и туризам, за кои од Синдикатот посочуваат дека секогаш кога се работи за права од работен однос, а поврзани со финансиски додатоци како прекувремени саати, работа во недела и празник и слично, наоѓаат начини истите да не им бидат исплатени на вработените во институциите од културата.

Поради тоа, Сидикатот бара уште денеска да биде исплатена платата на вработените во НУ „Охридско лето“, а во спротивно ќе бидат покренати сите можни правни механизми за остварување на правото на плата на вработените во оваа установа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ