вторник, 22 октомври 2024

Вработените во МИА ќе протестираат, бараат поголеми плати и услови за работа

Објавено на

часот

Сподели

Предупредувачкиот протест ќе се одржи пред просториите на АД МИА со почеток во 11 часот, во траење од половина час, за време на паузата.

Протестот се организира со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА). 

Новинарите и медиумските работници од МИА веќе подолго време бараат покачување на нивните плати, согласно Колективниот договор и усогласување со трошоците за живот, но Владата досега не одобри зголемување на платите во овој државен медиум.

Предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови, а во случај тие да не резултираат со разбирање и прифаќање на барањата на вработените, ќе бидат преземени и порадикални чекори.

ССНМ ги повикува сите вработени во АД МИА да се приклучат кон протестот.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници дава безрезервна поддршка на своите членови и на сите вработени новинари и медиумски работници во МИА и потсетува дека основен предуслов за слободно и професионално новинарство е стабилна социо-економска состојба на новинарите и медиумските работници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ