сабота, 27 јули 2024

Вработените на ФЗО на предупредувачки, генералниот штрајк е најавен за 1 јуни

Вработените на Фондот за здравствено осигурување денеска одржаа предупредувачки протест, а генералниот штрајк го најавија за 1 јуни. Нивните барања се повисоки плати и разрешување на актуелните членови на Управниот одбор.

Објавено на

часот

Сподели

Управниот одбор на ФЗО на минатонеделната седница не расправаше за усогласување на платите со растот на минималната плата и најави дека за ова ќе одлучува по завршување на изборите.

Денес, претседателот на синдикатот во ФЗО упати јасна порака. „Нашите барања се едноставни – усогласување согласно минималната плата, а тоа е 2.392 денари по лице и нов бод од 1 јуни“, изјави Бранко Аџигогов, претседател на синдикатот на ФЗО.

Вработените и синдикатот поставија рок – до 15 мај да се решат проблемите.

Генерален штрајк и целосна блокада на институцијата е најавена за 1 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ