сабота, 19 октомври 2024

Вработени во ЈП за државни патишта предизвикале пожар кај Брезница

Двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избил на патот од селото Јаболци кон селото Брезница, Скопско. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ