сабота, 27 јули 2024

Вработени во Филхрамонија бараат смена на в.д. директорот Лазаровски

Поради неправилности во работењето, како и низа незаконски постaпки на в.д. директорот Даниел Лазаровски кои доведуваат до нарушување на меѓучовечките односи, а воедно и нарушување на угледот на институцијата не само во национални, туку и во меѓународни рамки, ние – вработените во Националната уставнова (НУ) Филхармонија и членови на Синдикатот на истоимената институција поднесуваме петиција со која бараме негово разрешување, пишува во петицијата што членовите на синдикатот ја испртија до Министерството за култура.

Објавено на

часот

Сподели

Во петицијата, како што велат вработените, укажуваат на постапките на в.д. директорот кои, според нив, се косат со законските обврски и домаќинското управување со оваа културна институција.

„В.д. директорот ја нарушува воспоставена меѓународна соработка и еднострано го раскина потпишаниот договор за шеф диригент со маестро Јерухам Шаровски од Израел, по што е покрената правна постапка против Македонска филхармонија од страна на маестрото. Истата ќе предизвика сериозни финансиски импликации и нарушување на функционирањето и угледот на институцијата на меѓународната сцена. Оркестарот е целосно изолиран од меѓународни соработки, проекти и турнеи по назначувањето на Лазаровски за в.д. директор. Дополнително, како резултат на непостоењето, односно непреземањето на промотивни активности за јубилејот 80 години Македонска филхармонија, институцијата се соочува со драстичен пад на публиката на редовните концерти“, велат од Филхармонија.

Според нив, тој се служи со закани и мобинг кон вработените затоа што „спротивно на добрата воспоставена пракса списоците со состави за концерт да се објавуваат барем еден месец однапред со цел навремено запознавање на музичарите со работниот материјал, в.д. директорот ги објавува ден пред првата проба за концерт, односно во петок наспроти пробата во понеделник“.

„Исто така, при планирањето на концертните состави, одредени музичари се застапени на секој концерт, додека други не се застапени скоро воопшто. Освен тоа, одредени музичари се назначуваат спротивно на работната позиција за која што засновале работен однос, па вработените кои ги назначува во составот на пониска позиција, ги деградира, а оние на повисока ги става во незавидна положба. Како резултат на тоа меѓучовечките односи се нарушуваат и тимската работа виси на конец, а изостанува и соодветната комуникација помеѓу директорот и вработените. Уште повеќе, в.д. директорот без обезбедени материјали и средства за работа, се обиде со различен тип на закани кон вработените, да спроведе реаудиција на музичарите“, тврдат потпишаните на петицијата.

Тие велат дека Лазаровски ја злоупотребува службената положба и овластување затоа што спротивно на Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во Македонска филхармонија, на овластените лица им е одземен пристапот до видео надзорот, а на одредени вработени им се толерира отсуство од работа повеќе од 3 дена. Исто така тие тврдат дека спротивно на Законот за јавни набавки и Договорот за јавна набавка за потрошен материјал, в.д. директорот му ја исплатува на добавувачот целосната сума пред испорака и проверка на потрошниот материјал, со што и оневозможува на институцијата да поднесе рекламација, замена, намалување на цената.

„В.д. директоро ги крши синдикалните права. Со упадот на состанокот на синдикатот на 1 февруари 2024, и неговото одбивање да го напушти истиот по укажувањата дека без покана не смее да присуствува, тој изврши повреда на правата на вработените за слободно и самостојно синдикално здружување и дејствување, и со тоа направи обид за вршење притисок врз слободното изразување на членовите на синдикатот, што е спротивно на Уставот, законите и колективниот договор. Поради сите овие сериозни нарушувања направени од в.д. директорот Даниел Лазаровски, вработените во Македонска филхармонија бараат негово итно разрешување“, пишува во петицијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ