сабота, 27 јули 2024

Вработена во Катастар фаворизирала фирма на штета на граѓани кои требало заедно да градат, МВР ѝ поднесе кривична пријава

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, пријавената Т.Б. делото го сторила така што од позиција на службено лице во текот на 2015 година, постапувајќи по пријава за отстранување на техничка грешка доставена до Катастарот од страна на фирма од Скопје (кое сега во стечај) спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности и Правилникот за одржување на катастарот, во катастарот на недвижности, за недвижен имот станбено-деловна зграда, извршила промена на сопственоста и упишала реални делови наместо идеални делови. На овој начин злоупотребувајки ја својата службена положба и пречекорувајки ги границите на своите овластувања, пријавената на горенаведеното правно лице му овозможила спротивно на законот непречено да располага со недвижниот имот, на штета на трети лица кои со правното лице склучиле преддоговор за заедничка градба, иако истата била должна поднесената Пријава да ја отфрли како некомплетна“, пишува во пријавата на МВР.

Според пријавата, фирмата и тројцата оштетени граѓани склучиле Договор за размена на земјиште, каде што предмет на Договорот била изградба на станбено-деловен објект, за што од страна на општина Центар било издадено Одобрение за градба во сооднос 70 отсто од изграденото да биде за фирмата, а 30 отсто за останатите градители.

„За време на изградбата на објектот, во април фирмата до Катастарот поднела пријава за отстранување на техничка грешка, без притоа да ја поднесе соодветна документација, без да приложи било какви списи и без да наведе што точно се бара со исправката на грешка, и по изготвен стручен наод и мислење од страна на стручно лице од геодетска насока предметот бил доставен кај пријавената вработена во катастарот. Пријавената иако била должна да го отфрли барањето како некомплетно, истата на 29.04.2015, иако не биле исполнети предвидените услови постапила по пријавата за исправка на техничка грешка, и спротивно на Законот во постапка за исправка на техничка грешка извршила промена на податоците на носителите на правата на конкретната недвижност во листовите за предбележување, односно пријавената Т. Б. извршила промена на сопственоста на недвижност. За извршената промена била издадена Потврда за отстранување на грешка и дополнително, а спротивно на Законот за катастар на недвижности, Потврдата не била доставена до останатите сосопственици на недвижноста. Со горенаведените инкриминирачки дејствија, пријавената постапувајки надвор од границите на своите службени овластувања и злоупотребувајки ја својата службена положба и овластувања, на штета на трети лица, му овозоможила на правното лице од Скопје спротивно на законот непречено да располага со недвижниот со што го сторила кривичното дело “Злоупотреба на службена положба и овластување со што им било ускратено законското право на правна заштита, односно можноста истата да ја оспорат пред надлежен орган“, пишува во пријавата на МВР.

 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ