петок, 18 октомври 2024

Вработен во Општина Радовиш наместо да активира банкарска гарнанција, на фирма и обезбедил уште еден тендер за изградба на канализација

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Радовиш, поднела кривична пријава против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело несовесно работење во службата.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопштија од Управата за финансиска полиција, пријавениот во својство на раководно службено лице во Општина Радовиш, на крајот на 2023 година, наместо поради неизвршување на работите по склучен договор за изведба на фекална канализација да ја активира банкарската гаранција на фирмата изведувач за квалитетно и навремено извршување на работите, тој постапил спротивно на законот со што го оштетил Буџетот на Општина Радовиш во износ од 107.994 денари.

„Со непреземање на соодветни дејствија согласно Законот, му овозможил на правното лице изведувач да се стекне со корист во износ од 2.051.023 денари. Притоа, истиот овозможил истото правно лице да склучи нов договор со Општина Радовиш за изведба на фекална канализација која што обврска ова правно лице не ја извршило согласно претходно склучениот договор“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ