сабота, 19 октомври 2024

Вработен во Национални шуми нелегално изнесувал буково дрво од атарот на Македонски Брод

СВР Битола поднесе кривична пријава против 49 годишен прилепчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот, вработен во Национални шуми, во атарот на општина Македонски Брод, несовесно постапувал во своите должности и овластувања, при што дозволил техничко буково дрво нелегално да биде изнесено од шумата, а на пописната листа било внесено во 2021 година и се пренесувало во 2022, 2023 и 2024 година. На тој начин, пријавениот причинил материјална штета од 310.214 денари“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ