сабота, 27 јули 2024

Возило излета на автопатот Тетово-Гостивар, повредено едно лице

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб.

„Патничко моторно возило „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, здобил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Пожарникари од Тетово биле повикани за да се извлече повредениот од возилото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ