сабота, 19 октомври 2024

Возеле патници за Италија без лиценца

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утринава на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи открија вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца.

Објавено на

часот

Сподели

Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на П.Љ. од Струмица, а второто сопственост на Р.Ј. од Струмица, а управувано од страна на Ч.Ѓ. од Струмица.

„Притоа, од извршените контроли на возилата утврдено е дека вршеле превоз на патници без лиценца од нашата држава до Италија, по што од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт, од чија страна на возачите им е изречена глоба во износ од по 500 евра, сообраќајните дозволи им се привремено одземени, а возилата биле исклучени од сообраќај“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ